| четврток, 6 декември 2018 |

Инфантино најавува Мундијал со 40 репрезентации?!

infantino

Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино, го изрази своето задоволство од реформираниот систем на Европското првенство, и смета дека и мундијалите во иднина би можеле да бидат со многу повеќе учесници. Тој потенцираше дека намерата УЕФА да им даде шанса на „помалите“ селекции се покажала како полн погодок. Токму поради тоа, Велс е веќе во полуфиналето на ЕВРО 2016, а Исланд ќе ги одмери силите со Франција во четвртфиналето.

– Ова е извонредно за развојот на фудбалската игра. Кога ќе ја погледнам страста што ги обединува навивачите и фудбалерите на Исланд, потоа желбата на Велс да им пркоси и на најдобрите репрезентации во Европа, јасно е дека УЕФА оствари полн погодок со Европско првенство со 24 репрезентации. И сведоци сме дека ниту една селекција не е инфериорна, дека од „малите“ многу мака имаат оние „големите“. Тоа е доказ дека секаде веќе се игра квалитетен фудбал, и тоа може само да не радува“, вели Инфантино.

Во иднина, ваквиот потег би можел да се примени и на Светско првенство.

– Мундијал со 40 репрезентации за мене би бил фантастично остварување. Што мислите вие?! Јас живеам за такво Светско првенство, кога голем број репрезентации од целата планета ќе добијат можност да бидат дел од еден мундијал. И тој ден не е далеку, бидете сигурни – истакнува првиот човек на ФИФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top