| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинаа при прославите во Франција по освојувањето на Мундијалот

Двајца навивачи на Франција загинаа вчера вечер додека го славеле освојувањето на светската титула против Хрватска.
Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално. Тој го скршил вратот и починал на самото место.
Во исто време, во Сен-Феликс, друг француски навивач удрил со својот автомобил во дрво и го загубил животот.
Повеќе од 1 милион луѓе ја прославија титулата во Париз, па дури и избија немири, со кои полицијата мораше да се справува преку употреба на солзавец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top