Германија е актуелен светски првак, ама вечерва во Бордо, во рамките на четвртфиналето на ЕВРО 2016, ќе излезе на мегдан против Италија, од која има неколку порази на големите натпреварувања во минатото. Сепак, тоа премногу и не го загрижува селекторот Јоаким Лев, кој вели дека традицијата нема да игра голема улога на самиот меч.
– Во минатото губевме од нив, но немаме трауми. Ова е накоја друга Италија, со други фудбалери, иако се разбира дека е квалитетна селекција. Ќе мораме да бидеме максимално фокусирани, затоа што и една грешка би можела да го одлучи победникот – вели Лев.
Германците засега немаат примено погодок на Европското првенство и се надеваат дека во таков стил ќе продолжат и на дуелот со „аѕурите“.
– Цврстата одбрана е еден од најзначајните фактори на ваквите турнирски системи. Свесни сме за нашата сила, но го респектираме и противникот. Италијанците знаат да бидат многу опасни преку противнапади, ако им се дозволи малку повеќе простор – истакнува селекторот на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.