| четврток, 6 декември 2018 |

Лина Ѓорчевска продолжува да импресионира, итре ќе игра финале во Штугарт

lina gjorcevska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи, обезбедувајќи финале на турнирот во Штутгарт што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа, која е трета носителка на овој турнир, попладнево во полуфиналната пресметка славеше над Германката Ана Заја со 2-0 во сетови. Заја во четвртфиналето ја совлада првата носителка Малечкова, но немаше сили за сличен подвиг против Ѓорческа, откако Македонката одигра извонредно и сосема заслужено се пласираше во ново финале. Нашата тенисерка го доби првиот сет со 6-4, а потоа полна со самодоверба заигра уште подобро во продолжението, триумфирајќи во вториот сет со убедливи 6-2.

Лина Ѓорческа за противник во финалето ќе ја има подобрата тенисерка од дуелот меѓу Пати Шнидер од Швајцарија и Далила Јакуповиќ од Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top