| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија лани се отселиле повеќе од 50 илјади Хрвати

hrvati germanija

Во текот на минатата година, во Германија стигнале рекордни 685 485 државјани на ЕУ, најмногу од Романија и Полска, па од Бугарија и Хрватска.

Миграцијата од членките на ЕУ минатата година го достигнала својот врв, а во Германија се иселиле скоро 700 000 жители од Унијата, пренесува германски “Die Welt” кој се повикува на официјалните статискички податоци. Во текот на 2015 година од Германија истовремено се иселеле 303 036 луѓе.

Во оваа земја минатата година дошле најмногу Романци, 174.779, по нив Пољаци (147.910), Бугари (71.709), а Хрватите се четврти на листата со 50.646 доселеници.

Неодамна Берлин го претстави нацрт законот со кој на емигрантите од земјите на ЕУ драстично би им се ограничил пристапот до социјална помош. Според извештаите кои ги објавил “Die Welt”, 4.1 милиони граѓани од земјите члени на Унијата во моментов живеат во Германија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top