| четврток, 6 декември 2018 |

Ма каков Џејми Оливер: Момче направи сладолед вреден 2.000 долари! (видео)

Детето познато под прекарот Кича, готви од својата четиригодишна возраст, а дарбата ја наследил од својата мајка, која е професионален пекар. Момчето има и сопствен блог, а од 2015 година своите рецепти ги објавува и на каналот Јутјуб. Видеата најчесто се кратки и опишуваат едноставни рецепти за слатки.

Kichatube-newf-640x313

На почетокот, Кича своите видеа ги снимал со смартфон, а потоа почнал да употребува и професионална камера. Својата слава тој ја стекна по видеото на кое прави „Мики Маус Манго“ сладолед, за кој Фејсбук потоа ги откупи правата.

– Но, тој сепак не е професионалец, рече неговиот татко во една прилика.

Родителите сепак внимаваат нивниот син да не троши повеќе од два часа на ден на своето хоби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top