| четврток, 6 декември 2018 |

22 повредени во судир на возови во Белград

22 лица, меѓу кои и едно дете се повредени во  судирот на два патнички воза во тунелот „Тошин бунар“ во Белград . 
Како што соопштуваат српските медиуми двата воза се судриле околу 13 часот и 30 минути во тунелот „Тошин бунар“ во Белград. според Б92 повредените се здобиле со полесни повреди и ничиј живот не е во опасност. Еден од повредените се здобил со скршеница на нога. Шестмина имаат повреди на глава и се префрлени во ургентниот центар. Седуммина имаат ортопедски повреди и се во болницата во Земун. Една од повредените личности има повреда на глава.

Местото каде се судриле возовите

Местото каде се судриле возовите

Судирот се случил поради дефект на возот кој патувал за Шид, поради што на него во тунелот налетала патничката композиција која сообраќаја од Белград до Нови Сад. Во двата воза биле повеќе од 100 патници, а во акцијата на згрижување на повредените се ангажирани најмалку шест екипи на итна помош, 40-тина пожарникари со 11 возила, како и персоналот на Железницата на Србија кој со третиот воз, користејќи го другиот колосек во овој тунел, ги извлекуваат повредените на земунската страна.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top