Македонскиот полициски синдикат најостро ги осудува вулгарните, а на моменти и безумни навреди кои поединци од универзитетската и политичката фела вчера ги упатија кон полициските службеници кои ја остваруваа својата службена должност при настаните во УКИМ, реагираат од Македонскиот полициски синдикат (МПС).
„Како претставници на полициските службеници кои за сиот период на политичката криза во државата со својот професионален однос, но и дипломатски сенс за чувствителноста на актуелниот момент, прераснаа во најстабилниот фактор за одржување на безбедноста и мирот во овие случувања, бараме да се почитува интегритетот и достоинството на нашите колеги и да не се прават обиди за нивна провокација со цел инволвирање во политичката криза“, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)