Во новата сезона од Лигата на шампионите, Вардар ќе игра во групата Б во која ќе има четири исти противници од лани – актуелниот европски првак Кјелце, Рајн Некар Левен, Пик Сегед и Кристијанштад. Покрај овие екипи групата ја дополнуваат трите екипи кои ќе му бидат противници на макеоднскиот првак и во регионалната СЕХА-лига – ППД Загреб со Веселин Вујовиќ на клупата, Мешков Брест и Целје Пивоварна Лашко.
Во групата А, која ја предводи Телеком Веспрем, денешната ждрепка ги смести уште и Барселона, ПСЖ, Силкеборг, Висла Плоцк, Фленсбург, Кадетен Шафхаузен и Кил.
Натпреварите од групната фаза во ЛШ стартуваат на 14-16 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.