| четврток, 6 декември 2018 |

За промена, ЖРК Вардар доби лесна група во ЛШ

ZRK Vardar Larvik (31) (Custom)

Среќата ги посака ракометарките на ЖРК Вардар во денешната ждрепка во Глоструб, Данска со која беа одредени групите за следната сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот првак ќе игра во условно најлесната група Б во која противници ќе му бидат рускиот шампион Астраханочка, унгарскиот вицешампион ФТЦ и победникот од квалификациската група 2 во која се Лајпциг, Хипо, Бера Бера и Гомел.

Најинтересена е групата Ц во која ждрепката ги смести двата финалисти на годинашниот Ф4, Ѓер како носител и актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт од вториот шешир, Митјиленд и Ростов Дон.

Натпреварите од групната фаза во ЛШ во женска конкуренција ќе стартуваат на 21-25 септември.

zrk vardar zdrepka

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top