Српскиот тенисер Виктор Троицки не можеше да се помири со поразот од Алберт Рамос Винолас, на третиот грен слем турнир Вимблдон и вината ја побара кај главниот судија на мечот. Српскиот тенисер збесна кога при 30-30 и сервис на противникот главниот судија промени одлука на линискиот арбитар во корист на Шпанецот.
Троицки веднаш почна караница со судијата, потоа го загуби и следниот поен, со тоа и мечот, по што конфликтот со арбитарот продолжи.
–Знаеш ли што направи? Ужасен си, денеска направи 30 грешки. Марш. Жал ми е што морам да ти кажам, но ти си идиот – го навредуваше Троицки судијата пред очите на малубројната публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)