| четврток, 6 декември 2018 |

Влада во сенка – дел од идеите на Кире Наумов

Kire-Naumov-005Кире Нaумов, кандидатот за лидер на СДСМ, размислува за влада во сенка, која би се формирала од јуни, доколку тој ја добие поддршката од делегатите на Конгресот на партијата закажан за 2 јуни.  Со владата во сенка, која би почнала да функционира од септември, планира да ја зголеми ефикасноста на опозицијата. Согласно програмите кои ќе бидат понудени од членови на партија, но и интелектуалци кои не се дел од партијата, ќе се „изберат министри“ и сите тие ќе работат во својот ресор. Притоа, оние кои се пријавиле за министерска позиција нема да се најдат на кандидатските листи за пратеници на наредните избори. Министрите во сенка ќе мора да веруваат дека оваа партија може да победе, при што ќе се изгуби онаа сигурност – и да не победиме на избори, ќе бидам пратеник, со оглед дека сум на добра позиција на листата. Тој најавува промени и во потпретседателските функции. Со новиот систем тој сака да го приближи раководството на СДСМ до народот.

Неговиот противкандидат Заев пак планира да го промени системот на раководење на СДСМ. Наместо 4 потпретседатели, Заев рече дека доколку ја добие поддршката од Конгресот, ќе ја именува Радмила Шекеринска за заменик претседател.

Целосно подмладување на партијата најавува и актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски. Тој очекува со млади кадри да стане алтернатива на актуелната власт.

Внатрепартиски промени најави и четвртиот кандидат за претседател на СДСМ Зоран Јовановски кој поддршката ја добил од потпретседателите Георгиев и Данева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top