| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо: Привилегија е ако се освои нешто со репрезентацијата

Иако со ниту една победа во досегашните пет натпревари на Европското првенство во Франција, репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист по подоброто изведување пенали во четвртфиналето против Полска.

kristijano ronaldo

Еден од најдобрите играчи во светот и, секако, прва ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо не игра на потребното ниво како изминатите сезони во дресот на Реал Мадрид, но по вчерашниот меч не го криеше задоволството што неговата репрезентација се пласираше меѓу четирите најдобри селекции на стариот контитент.

– Во кариерата нема работи што ми недостигаат и ќе чувствувам привилегиран ако со репрезентацијата освојам нешто многу важно. На прав пат сме, само уште две пречки до титулата – рече Кристијано Роналдо.

Младиот Ренато Санчез со своите добри игри си ги заслужи местото во стартниот тим. 18-годишниот ас на Баерн Минхен постигна прекрасен гол против Полска и се наметна како идеен лидер на средниот ред на Португалците.

– Прекрасно е чувството да се даде гол на вака важен меч. Навистина напорно работиме и демонстрираме максимум на секој натпревар, Луѓето не критикуваат, но баш ни е гајле, ние сме во полуфиналето – заклучи Санчез.

Белгија или Велс ќе биде противникот во полуфиналето во Лион за португалската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top