Познатата издавачка куќа од Белград, „Архипелаг“, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, ја објави книгата „Јазичен триптихон“. Преводот е на Душко Новаковиќ, еден од најдобрите познавачи и препејувачи на македонската поезија.
-Песните кои ги пишува Славе Ѓорѓо Димоски содрат силни чувства на модерниот миг во кој единката, паметејќи го и сведочејќи го искуството на историјата и слоевите на времето, постојано стои соочена со сенката на заканата. Таа закана е разнолика, како што е и модерниот свет за кој зборува поетот, разнолик и едвај фатлив во своите разноразни фрагменти, вели Гојко Боѓовик во поговорот на книгата.
„Јазичен триптихон“, која ја понесе наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга на ДПМ за 2016 год. е четврта книга на Ѓорѓо објавена на спрски јазик, а претходни се „Мерач на зборовите“ (2010), “Поле. Бојно поле?“ (2011) и “Блиска врска“ (2014) г.
Книгата „Јазичен триптихон“ се преведува на бугарски јазик и до крајот на годинава треба да се појави во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик