| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени артилериски гранати во кавадаречко

Во месноста „12 деца“ над село Ваташа, пронајдени се 12 артилериски гранати по дојава од полицијата во Кавадарци.

granati

Тимот на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување ги презедоа гранатите и во моментот теренот е безбеден за минување на посетители.

Од Дирекцијата за заштита и спасување препорачуваат доколку викендашите наидат на средства кои наликуваат на минско-експлозивни средства, веднаш да ја известат полицијата која е во постојан контакт со тимот пиротехничари на Дирекцијата.

Истовремено, апелираат поради високите температури да не се пали оган на отворен простор кој може да предизвика пожар на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top