Неофицијално, првичните шпекулации се дека трактористот возел по удолница со изгаснат мотор што го оневозможило да ги користи кочниците, поради што и се случила трагичната несреќа, сведочи за „Канал 5“ очевидец на несреќата. Тој вели дека тракторот кога се превртел по удолницата летал со огромна брзина и невозможно било дечињата да скокант и да се спасат.
Децата кои настрадаа во превртениот трактор се од три кочански села Градовци, Прибачево и Оризари.
Две од четирите деца кои се сместени на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) се уште се во животна опасност и се во коматозна состојба со повреди на главата и нагмечување на градниот кош по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на кочанското село Оризари, информираат од Ургентниот центар.
Во Ургентниот центар се примени 11 деца. Пет деца се лекуваат на Клиниката за неврохирургија, од кои две се во потешка состојба и се на одделот за интензивно лекување на оваа клиника, а три се на одделение.
фото: Канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун