| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчески слави – му се родија близначиња

dani

Најдобриот македонски пијанист, Симон Трпчески и неговата сопруга Даниела деновиве имаат причина за двојно славење. Имено, пред три дена им се родија машки близначиња.

Големата радост за приновата и проширувањето на семејството Трпчески, Симон ја прославил во друштво на најблиските, а, како и секогаш, вешто го сокрија од јавноста овој значаен момент од нивната приватност.

Инаку, Симон и Даниела стапија во брак во 2008 година и ја имаат ќерката Лара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top