За Словаците, Мајка Тереза, Никола Тесла и Леонардо да Винчи се најголеми европејци на сите времиња. Ова според анкетата која ја спровеле словачките медиуми по повод деветгодишнината од членството на нивната земја во ЕУ.
Читателите на порталот topky.sk своите гласови ги дале на големите личности од европската и светската наука и култура. Меѓу нив се најдоа античкиот филозоф Аристотел, научниците Алберт Ајнштајн и композиторот Волфганг Амадеус Моцарт.
Најмногу гласови од обичните Словаци добила Мајка Тереза, а веднаш зад неа е Никола Тесла. Познатите словачки јавни личности предложувале и други хуманисти, научници, уметници кои би можеле да ја понесат титулата најголем Европеец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.