Годинава, по 17. пат, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираат Регионалниот летен универзитет во Струга, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и Литванија.
Свеченото отворање е предвидено во понеделник 4 јули, во 18,30 часот, во хотелот „Дрим“ и ќе трае до 8 јули 2016 година.
Овој Летен универзитет, кој секоја година доживува сè поголем успех, е значаен за континуираната обука на професорите и наставниците и се организира во партнерство со Министерството за образование и наука на РМ, како и со бројни регионални партнери. Универзитетот им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.
Програмата предвидува шест модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, но и богати франкофонски активности, како презентации, работилници и размени на професионално ниво.
Професорите на крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Модна изложба „Новиот бран“ во Францунскиот институт во Скопје
-
„Младите и иновациите“-предавање и дебата во Француски институт во Скопје
-
Предавање на реномираниот француски професор Тјери Шопен во Скопје
-
Директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер ја претстави програмата „Културни патеки-есен 2017“