
Загрепската полиција уапсила 49-годишен маж кого го сомничи дека со месеци ја малтретирал невенчаната сопруга и дека ја терал да има секс со животни, пренесоа хрватските медиуми.
По спроведената истрага полицијата го уапсила Ј.Д, 49-годишен офицер во пензија, угостител и одгледувач на кучиња и за него поднела неколку кривични пријави за силување, нанесување тешки телесни повреди, закани…
Како што пишува „Јутарњи лист“, осомничениот својата невенчаната сопруга често ја присилувал на сексуални односи, а еднаш од неа побарал да има секс со неговите кучиња. Според истиот извор, стравувајќи за својот живот таа се согласила на тоа.
Веднаш по апсењето, осомничениот решил да се брани со молчење, а истражен судија му одредил едномесечен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


