Три деца се борат за живот во Ургентниот центар во Скопје од вкупно 12 кои синоќа беа донесени во Скопје, по тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на кочанското село Оризари, а во која две лица го загубија животот.
Едно од децата е во многу критична, коматозна состојба, а во животна опасност се уште пет лица. Едно лице е хоспитализирано на Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Од Општата болница во Кочани информираат дека три деца се на интензивна нега во таа здравствена установа и се во стабилна состојба.
Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров вечерва ги посетија повредените во Ургентниот центар.
Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип, до несреќата дошло откако трактор со кој се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. Возачот на тракторот загинал на местото на несреќата.
Во тек е истрагата на местото на настанот. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун