| четврток, 6 декември 2018 |

И во Сараево инвазија од мушички

Синоќа над Сараево на надвисанл густ облак од мушички кои ги изненадија грѓаните на главниот град на Босна и Херцеговина, јавуваат медиумите од таа земја. Според пишувањата, граѓаните бегале од инвазијата од мушички, барајќи засолниште.

musicki

Избезумените граѓани побарале заштита од Противпожарната бригада, која пак им советувала дека не може никако да им помогне, освен тие да останат во свеоите куќи и да ги затврат прозорците. Оваа необична појава се случи пред неколку дена и во Краљево. Стручњаците сметаат дека оваа појава се должи на големата влага и високите температури поради кои е скратен циклусот на развојот на мушучки кои се намножиле во толку голем број.

Скопјани кои вчера попладне го посетија Градскиот парк раскажуваат за слична појава и кај нас. – Моравме да се вратиме дома, имаше толку многу мушички што беше непријатно за шетање. Ги имаше насекаде, рој беа. По сѐ излгеда инвазијата од Србија дојде и кај нас – раскажува една скопјанка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top