Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси доби статуа во Буенос Аирес која е дел од кампањата да ја смени одлулата за повлекување од националниот тим.
– Верувам дека ова е добар начин да го замолиме Меси да остане со нас, но и да му покажеме дека сме со него. Никој не се сомнева дека заедно ќе го освоиме Мундијалот во Русија – изјави градоначалникот на Буенос Аирес Орасио Родригез Лалета.
Тој ги повика сограѓаните да се фотографираат пред статуата, да ја споделат фотографијата на социјалните мержи и да влијаат на промената на ставот на момчето кое е родено во Розарио, но подеднакво сакано во сите делови на Аргентина.
На штотуку завршениот Копа Америка, во реприза на минатогодишното финале, Аргентина повторно беше поразена од Чиле, по што Меси, кој го промаши пеналот, реши да се повлече од репрезентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


