| четврток, 6 декември 2018 |

ХАЕ огранизира работилница: Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“

Здружението ХАЕ Македонија организира детска работилница за ретката болест ХАЕ на 13 мај (недела) во 11 часот во Паркот на франкофонијата. Детската работилница се организира под мотото „Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“

Работилницата предвидува игри и активности со кои на децата ќе им се приближат симптомите на оваа болест, бидејќи има и деца кои страдаат од оваа состојба и кои се чувствуваат издвоени во средината во која растат.

Целта е на најмладата популација на креативен начин да и се долови чувството што значи со оточе на раце / нозе да се црта, трча и слично.

Акцент ќе се стави на развивањето сочувство и емпатија кај децата не само кон пациентите со оваа болест, туку и кон пациентите и децата со другите ретки болести.

Настанот е организиран во соработка со училиштето за странски јазици ЛИОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top