Во јавна соба (Public room) се одржа книжевна работилница со поетесата Марта Маркоска, а по повод објавувањето на нејзината книга „Црни дупки во нас“ на српски јазик.
Препевот на „Црне рупе у нама“ е на Рајко Лукач, издавач е Данило Лукановиќ и издавачката куќа „Граматик“ од Белград. За книгата зборуваа Александра Спасеска, Мите Стефоски и самата авторка, а модератор на настанот беше Милутин Станчиќ. Поетесата Маркоска настанот го посветува на нејзиниот неодамна починат татко, познатиот сатиричар Иван Карадак.
Настанот има и хуманитарен карактер и е дел од акцијата „Подари радост“ што Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „СПОНА“ го организира по повод престојните новогодишни и божиќни празници. Средствата ќе бидат наменети за купување подароци за деца од социјално загрозените семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.