| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал во Бакингамската палата – Кејт Мидлтон избришана од кралското семејство

kejt2

Како да не е доволно што многумина ја критикуваат Кејт Мидлтон дека е мрзлива и дека не работи доволно, туку дополнителна мака на војвотката од Кембриџ и дојде токму од Бакингамската палата. Имено нејзиното име не се најде на списокот членови на кралското семејство на официјалниот сајт на славната монархија- пишува Дејли Меил.

После скапиот редизајн на сајтот во април, името на Кејт никаде не фигурираше, поради, како што е наведено технички проблеми. Тоа автоматски значеше дека нејзините приврзаници не беа во можност да присуствуваат на јавните настани на кои беше и убавата војвотка, ниту пак да ги видат нејзините планирани обврски.

kejt

Како сол на раната, страницата секојдневно ги покажуваше случувањата на кои било планирано да се појават помалку важните членови на семејството.

Од Бакингамската палата признаа дека им требало скоро три месеци за да на сајтот го вратат името на војвотката од Кембриџ, меѓу останатите припадници на британската монархија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top