Терористичкиот напад на истанбулскиот најпрометен аеродром Ататурк, кој вчеравечер зема 36 животи, започнал со рафал од калашников со кој пукал еден од напаѓачите, а за кратко сликата од оружјето почнала да кружи на социјалните мрежи. По пукањето одекнале две експлозии. Откако пукотниците се слушнале, тројца наоружани мажи биле забележани како трчаат низ аеродромот, јави турскиот НТВ канал.
Според првичните информации, по последниов крвав инцидент, сите летови од САД за Турција се одложени. Минатата година аеродромот Ататурк му го зема местото на оној во Франкфурт и влезе во топ трите најпрометни аеродроми во Европа заедно со лондонскиот Хитроу и парискиот Шарл де Гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет