Во терористичкиот напад кој се случи вчеравечер околу 21 часот на аеродромот Ататурк во Истанбул, загинаа 36 лица, а 150 беа повредени. Бројот на жртвите, за жал се уште расте. Во нападот, според информациите кои до сега се достапни, се разнале тројца припадници на Исламска Држава.
– Се беше во ред, кога одеднаш се слушна експлозија. Луѓето почнаа да вриштат, сите тргнавме да бегаме, но не знаевме каде. Трчавме од една на друга страна, а потоа видовме и луѓе кои трчаат кон нас, па менувавме правец. Никој не знаеше каде е безбедно, раскажал еден од преживеаните за турските медиуми.
Една жена која била сведок на овој терористички напад, изјавила дека луѓето паѓале една врз други.
– Секаде имаше крв. Никој не знаеше каде да бега, но во таа општа паника не можеш да останеш мирен во место.
Ахмед Фуркан Гуртан, службеник кој работел на пасошка контрола на аеродормот кога се случил на нападот, вели дека го забележал моментот кога терористите отвориле оган.
– Видов еден од нив како влезе на аеродромот со калашиков во рацете и почна да пука во цивилите. Полицијата се обидуваше да го убие, а по тоа веднаш одекна експлозија, вели тој.
Со своите деца во рацете, очајните патници кои се обидувале да најдат сигурно место за да се спасат, морале да прескокнуваат преку мртвите тела на настраданите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет