| четврток, 6 декември 2018 |

Шер – Тешко болна, сама и без пари

Некогаш позната како „божица на попот“, Шер (70) боледува од смртоносен вирус, поради кој и’ откажуваат органите, тврдат нејзини пријатели. Семејството и’ го сврте грбот, а бившата милионерка сега едвај преживува, пишува американскиот „Нешенел енквајарер“.

cher-dying-broke-alone-mystery-illnessУште на крајот од осумдесеттите години на минатиот век, на Шер и’ бил дијагностициран вирусот Епштајн-Бар, вид на херпес, кој може да предизвика откажување на органите и повеќе видови на рак.

„Постојано бев болна, речиси ме уби воспаление на белите дробови. Лекарите прво ми говореа дека сум луда и дека претерувам, но се покажа дека сум тешко болна“, вели пејачката со ерменско потекло.

Токму поради тоа направила пауза во кариерата и се ориентирала на полесна заработувачка, снимање реклами.

Но целото богатство, од речиси 300 милиони долари се стопило поради лоши вложувања, неразумно трошење, но и стагнација на кариерата, па Шер сега, кога е најболна, мора да смета на помошта на пријателите. Зад себе има два турбулентни брака и две деца, кои наводно, не сакаат да разговараат со мајка им.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top