| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот од Скопје пренасочен пет минути пред слетувањето во Истанбул (видео)

istanbul1Од скопскиот аеродром потврдија дека редовната линија на Туркиш ерлајнс во 20.55 часот не била откажана, а Тв Нова информираше дека на само пет минути пред слетувањето авионот бил пренасочен и најверојатно ќе слета на друга дестинација. Сите летови од аеродромот во Истанбул се пренасочени, односно откажани.

Сеуште нема информација дали во моментот на експлозиите што вечерва се случија на главниот меѓународен аеродром „Кемал Ататурк„ во Истанбул, имало македонски граѓани сеуште не е потврдено.

Од турското министерство за внатрешни работи соопштија за најмалку десет жртви, но и над десетици повредени, досега нема информации за тоа дали станува збор за терористички напад.

istanbul 2Според очевидците пукањето започнало во паркот пред влезот на аеродромот, а таксистите кои се затекнале на местото ги превезувале ранетите лица до болниците. Турската државна телевизија објавува дека една од бомбите била активирана на терминалот, каде што пристигнуваат патниците од меѓународните летови. На аеродромот владее вистинска паника, патниците оттаму бегаат по автопатот, а на местото на настанот се присутни турските безбедносни сили, како и возила на брзата помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top