| четврток, 6 декември 2018 |

Заради фудбал се прекинува и свадба!

свадба

Јуни е вообичаено меѓу најпопуларните термини за свадби, па во текот на овој месец своето судбоносно „да“ реши да го каже и една двојка од западна Херцеговина.

Но, за нивна несреќа на тој ден и во истиот термин кога била закажана свадбата, се играла и осминафиналната средба од Европското фудбалско првенство во Франција меѓу Хрватска и Португалија.

Во таква ситуација младенците и покрај свадбата не сакале да се откажат од нивнита голема љубов кон фудбалот, па за време на прославата гостите можеле да го следат напреварот на голем видео бим.

Работата отишла до таму што младенците дури и го одложиле нивниот прв свадбен танц и почетокот на прославата за до полувремето на натпреварот.

За жал, младенците на крај немале дополнителна причина за славење бидејќи Хрватска беше елиминирана, но секако ќе можат да се пофалат со една од најоригиналните свадби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top