| четврток, 6 декември 2018 |

Само немој да плачеш: Претседателот на Аргентина му се јавил на Меси за да го утеши

messi

Аргентинскиот претседател Маури Макри лично му се јавил на Лео Меси за да го утеши и убеди да  не се повлекува од националниот тим. Аргентина во неделата вечер го загуби финалето од Копа Америка од Чиле на пенали, а ѕвездата на Барселон го утна својот удар од белата точка.

По уште едно загубено финале, Меси на крајот на мечот беше крајно разочаран и почна да плаче на теренот, а никој од соиграчите не успеа да го смири.

По натпреварот тој веднаш изјави дека тука е крајот на неговата репрезантативна кариера и дека не може да прежали што не погоди во пенал- серијата, што се покажа како клучно за поразот.

По овие настани во земјата каде фудбалот е живот, Меси добил телефонски повик од претседателот на нацијата, кој имал само утешни зборови.

– Му се јави и му кажа колку е горд на него и на целата репрезентација и нивниот настап на првенството. Исто така му порача да не ги слуша критичарите и да не дозволи сите тие негативни коментари да влијаат на него – изјавил портпаролот на аргентинскиот претседател за АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top