Едно лице загина, а осум деца се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на кочанското село Оризари. Според СВР-Штип, трактор со приколка во која се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илиндол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Возачот, 63 годишниот Миле Давитков од кочанско Градовци, загинал на самото место, а осум малолетни лица се тешко повредени и се транспортираат кон Клиничкиот центар во Скопје. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


