Дваесет и четиригодишен гостиварец синоќа починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот. На трагичниот настан му претходела расправија со едно лице за евентуален сообраќаен прекршок.
За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заокружи истаражните активности што почнале синоќа со увидот.
Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на порашениот „Жито Шар“ во 22 часот. 24 годишното момче возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле истрелани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.
По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде што им подлегнал на повредите.
Од СВР Тетово потврдија дека осомничениот за убиство синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде што е задржан. Детали за идентитетот и за мотивите што довеле до трагичниот настан ќе бидат познати во текот на денот и треба да ги соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


