| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца охриѓани на црно тргувале со артефакти

B8CC24500B7065905D7F24456DE66279 F8DE62D90883D6D1A7855483F251DFDEПолицијата при СВР Охрид поднесе кривични пријави против лицата И.Б. (36) и А.Т., двајцата од Охрид, поради основано сомнение дека се сторители на казнено дело „присвојување добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“.

Според полицијата, полициските службеници на 13 минатиот месец кај А.Т. пронашле вкупно 22 најлонски пакувања со различни археолошки предмети. Тие се пронајдени при акција на полициските службеници и извршен преглед кај А.Т. кој се наоѓал во близина на паркинг-простор во централното градско подрачје. Притоа во торбицата што тој ја носел забележани се археолошките артефакти, спакувани во најлон кеси. Предметите изработени од бронза и сребро се со археолошка вредност и истите по заплената се предадени во Заводот и музеј на град Охрид.

Купопродажбата на 22 археолошки артефакти била извршена ден претходно, во домот на И.Б. во Охрид кој со намера да стекне противправна имотна корист на А.Т. му ги понудил и продал археолошките предмети  за 3.500 денари. Откако ги купил старите и вредни археолошки предмети, А.Т. несакајќи да ги носи дома, ги сокрил во паркот на Спомениците на паднатите борци од НОВ во Охрид. Утредента околу 15 часот тој ги откопал најлонските кесички со намера вредните предмети  да ги сокрие на друго место, при што бил пресретнат од полицијата и приведен.

Полицијата работи на расветлување на случајот и утврдување на потеклото на вредните археолошки артефакти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top