| четврток, 6 декември 2018 |

Англија надвор од ЕУ и од ЕП, дебитантот Исланд со историски успех (видео)

eEngland-iceland-euro2016

Репрезентацијата на Исланд ја направи најголемата сензација на ЕП во Франција, откако ја елиминираше селекцијата на Англија со 2-1 и се пласираше во, за нив историското, четвртфинале.

Англичаните поведоа уште в четвртата минута со голот на Руни од пенал, но две минути подоцна Рагнар Сигурдсон израмни, а Сигторсон во 18. минута го направи пресвртот за конечни 2-1.

„Рибарите“ во четвртфиналето ќе играат против домаќинот, репрезентацијата на Франција.

Англија не можеше да замисли подобар старт на мечот, со првата акција во шестнаесетникот дојдоа до водство.

Стерлинг се најде сам во дуел со голманот Халдорсон, беше побрз од него и голманот направи прекршот, по што словенечниот судијата Скомина покажа на белата точка.

england-iceland-0-euro2016

Руни беше сигурен од седум метри за водство од 1-0.

england-iceland-0x-euro2016

Но, водството на Англичаните траеше само 2 минути, Исланѓаните по една одлична акција успеаа да го направат првото изненадување.

Севарсон изведе аут, Арнасон со глава ја префрли топката на подалечната статива, од каде Сигурдсон бие прецизно за израмнување.

england-iceland-1-euro2016

Но, тоа не беше се од „рибарите“. Во 18. минута англискиот голман прави голема грешка, Сигторсон шутираше од работ на шестнаесетникот, а Харт прво се чинеше дека има сигурна одбрана, но топката му се лизна низ рацете и Исланд поведе со изненадувачки 2-1.

england-iceland-7-euro2016

england-iceland-8-euro2016

Англичаните очекувано продолжија со доминацијата на теренот, ја превземаа иницијативата, но тешко стигнуваа до шанса за удар. Единствената посериозна шанса во првиот дел ја имаше Кејн после центаршутот на Стариџ, напаѓачот на Тотенхем биеше по пречката на голот, но голманот на Исланд беше на висина на задачата и го одбрани неговиот удар.

По десет минути одиграни во второто полувреме, Исланд имаше одлична шанса да стави крај на сите дилеми околу победникот на овој меч. Стрелецот на првиот гол, Сигурдсон имаше обид со „ножички“, но овој пат Харт одлично интервенираше.

england-iceland-5-euro2016

Англискиот селектор, Рој Хоџсон се обиде да промени нешто во играта, во игра влегоа Вилшир и Варди, со што Англичаните тргнаа во целосна офанзива.

Се очекуваше конкретен и конечно сериозен одговор на фудбалерите на „Гордиот Албион“, но скоро и да не успеаја да креираат вистинска шанса за гол. Кејн продолжи со нелогичните шутеви од прекини, додека капитенот Руни, и покрај голот од пенал, играше прилично лошо и често имаше грешни додавања.

На десет минути пред крајот, Кејн имаше солиден обид со глава, но исландскиот голман беше поставен на вистинското место и не дозволи да биде изненаден.

england-iceland-4-euro2016

До крајот на мечот Хоџсон се обиде со уште една измена, Рашфорд влезе на местото на Руни, но се чинеше како закаснета реакција, и покрај подинамичната игра, промена на резултатот немаше.

Четвртфиналниот дуел меѓу Франција и Исланд ќе се одигра в недела во 21:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top