Авионот на Ер Србија повторно по цели 24 години слета во Њујорк, што е воедно и остварување на најголемиот страв на американците заради ширењето на конкуренцијата од Блискиот Исток. Како што пишува Бизнис Инсајдер, веќе со години американските авио компании Американ, Делта и Јунајтед ерлајнс го обвинуваат Блискиот Исток – Емиратите, Итихад и Катар Ервејс дека се користат повеќе од 42 милијарди за илегелни субвенции и им се нелојални конкуренти. Тие обвинувања започнале откако овие авио компании од Блискиот Исток со своите ревидирани финансиски извештаи докажале профитабилност на своите компании. По ова, се поставува прашањето – што авио компанија од Србија има со оваа “тивка војна” помеѓу Америка и земјите од Бликиот Исток, пишува Бизнис Инсајдер.
Ер Србија, заедно со Ер Берлин, ЈАТ Ервејс, Вирџин Австралија, Ер Сејшели, Етихад регионал и Алиталиа го сочинуваат капиталот на Етихад преку нивната партнерска мрежа. Тоа значи дека Етихад, со седиште во Абу Даби, поседува 49 отсто од секоја од споменатите авио компании во мрежата.
Според зборовите на директорот на Ер Србија, Дане Кондиќ, Етихад не учествува во работата на авио превозниците “секој ден”, но тоа не одзема од значењето на нивното присутство.
Дирекотрот пак на Етихад групата, Џејмс Хоган, ја истакнал клучната предност кои ја имаат над американските конкуренти.
-И покрај тоа што САД има три глобални авио компании, она што ние го направивме, а тие не, е намалување на операционите компликации преку нашите партнерски авио компании.
Ова е една врста синергија која овозможува Ер Србија да се рашири на американскиот пазар.
-Мала, осиромашена авио компанија, како што е нашата ниту за милион години не би можела да лета преку Атлантикот да не беше дел од групацијата на Етихад ервејс, вели Кондиќ.
Според Бизнис Инсајдер, тој е апсолутно во право, но со помош на партнеите Ер Србија успеа да изгради мост од Белград до Њујорк.
Така, Етихад во иднина воопшто не мора да се шири на американскиот пазар и во Европа, затоа што тука се нивните партнери од Германија, Швајцарија, Италија и Србија кои ќе бидат посредници. Со овој бизнис сојуз, Етихад го фати чекорот и допре до транс атлатскиот простор, а критиките на американските авио превозници нема да имаат многу големо влијание над нивната работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.