| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се правилата за багаж во авион: Каков рачен багаж смеете да носите?

Откако се појавија нискобуџетните летови од Скопје од авионски компании Визер и Рајанер може да си дозволиме и со авион да отидеме некаде на викенд или неколку дена.

Зошто се „нискобуџетни“ летовите? 

  • Обично летаат до спореден (подалечен) аеродром од градот што е наведен, на пример „Лутон“ во Лондон, место до „Гетвик“ или „Хитроу“, па затоа превозот до главниот град до кој летаме чини повеќе
  • Се доплаќа за багажот што се чекира (пријавен багаж) и тоа во моментот на купување на картата онлајн – на лице место е речиси двојно поскапо
  • Визер – 32 кг за 20 евра
  • Рајанер – 15к г за 15 евра надвор од сезона и 25 евра во сезона; или 20 кг за 25 евра надвор од сезона и 35 евра во сезона
  • Изиџет – 32 кг иако препорачуваат до 23 кг за 25 фунти
  • Се контролира големината на рачниот багаж, а од неодамна во Визер се доплаќа и за поголем рачен багаж
  • Сами ја купувате картата онлајн на сајтот, па добивате потврда на мејл со код за потврдување
  • Најрано 7 дена пред полетување треба сами да се чекирате онлајн користејќи бесплатно чекирање (да ги пополните личните податоци, број на пасош итн), за потврда ќе добиете бординг тикет со бар код кој треба да го испринтате (ако не го направите тоа онлајн пред реалното чекирање на аеродром – се доплаќа)
  • Нема бесплатно да ве послужат со храна, вода, кафе, и тн; и рекламираат работи за купување како на фришоп
  • Нема број на седиште, седнува кој кај ќе стигне; потесен е просторот меѓу седишта
  • Се доплаѓа за сè и сешто: повеќе простор за нозе, приоритет за качување во авион, и тн.

Се освен рачен багаж се плаќа дополнително, па затоа е битно да знаете што се смета за рачен багаж, имајќи во предвид дека правилата се разликуваат од компанија до компанија.

Во прилог неколку корисни правила во однос на рачниот багаж од неколку компании:

Визер има најстроги правила: бесплатно Ви е дозволена навистина мала торба, со максимални димензии 42 cm х 32 см х 25 см, максимум 10 кг.

Доколку сакате да земете голема кабинска торба (димензии 56 см х 45 см x 25 см- максикум 10 кг), треба да доплатите, најдобро уште при купување на билетот, бидејки на аеродром цената е доста повисока.

Рајанер нуди многу пополни услови од Визер, па така бесплатно Ви се дозволени две торби, торба со димензии 55 см x 40 см x 20 см, и максимум 10 кг, и дополнително бесплатно имате право на мала торбичка со димензии 35 см x 20 см x 20 см.

Аеџиан ерлајнс: бесплатно Ви е дозволена една кабинска торба со димензии 56 см х 45 см x 25 см и максимум 8 кг.

Со секоја од наведените компании може во рака да си ја носите јакната/капутот како и материјал за читање.

На дел од аеродромите дозволено е да дополнително со рачниот багаж да носите и предмети купени во фришопот, но за тоа ќе треба да прашате на самото место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top