ЕХФ го смести Металург во вториот шешир при ждребувањето за групната фаза на Лигата на шампионите, давајќи му место меѓу фаворитите во групите Ц и Д. Зад нас останаа и тимови кои минатата сезона настапуваа во поквалитетните групи А и Б, како Монпелје и Бешикташ.
Ждрепката за формирање на групната фаза ќе се влече на 1 јуни, а натпреварите од групната фаза стартуваат на 21 септември.
Шешир 1: Натурхаус ла Риоха и Нант
Шешир 2: Металург и Тим Холстебро
Шешир 3: Мотор Запорожје и Чеховски Медведи
Шешир 4: Бешикташ и Монпелје
Шешир 5: Динамо Букурешт и Елверум
Шешир 6: Квалификант 1 и квалификант 2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.