| четврток, 6 декември 2018 |

Од Финска на гурбет во Босна

finkinje-Кризата некого го тера во белиот  свет, други пак ги тера на креативност. Две Финкињи, Леск и Јохана, во Мостар продаваат свои, оригинални разгледници на туристи. Дури сериозно брзо пресметуват од марки во куни и евра, како доказ дека се сериозни да заработат во Мостар, јавува радио Сараево.

-Стариот мост во Мостар е светска туристичка атракција и знаеме дека многу туристи доаѓаат тука. Нашите разгледници се оригинално дело и мислиме дека ќе им се допаднат на туристите, ги пренесува агенцијата Анадолија.

За сега се чини дека успеваат да привлечат внимание на мостарците кои се собираат околу двете млади моми  „да го видат чудото“, или како што вели еден од локалните трговци „Сешто ќе доживеам, од Финска дошле тука да заработат!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top