Откако ја обвиниле за вештерство, шест внуци на Кенијката Јума Калуме Масуни, сурово ја удирале старицата додека не паднала на земја и почнала да повикува за помош, за потоа да ја полијат со бензин со намера да ја запалат.
Ова само една од многуте потресни приказни кои им се случуваат на постарите припадници на африканските земји, најчесто вдовици.
“Сакаа да ме убијат”, вели 65-годишната Јума, која живее во крајбрежниот дел на Кенија, каде припадниците на народот Мијикенда традиционално ги обвинуваат вештерките поради болестите и сиромаштијата.
“Мојот син на внуците им кажал дека сум ја маѓепсала нивната мајка. Навистина сум огорчена. Стара сум, здравјето ми е лошо, а моите деца воопшто не се грижат за мене”, вели очајната баба.
Од фаталниот исход Јума ја спасиле соседите кои притрчале во помош, откако ги слушнале нејзините повици.
Јума е само една од 19 луѓе кои се обвинети за вештерство во местото Каја Годом во непосредна близина на Килифи, едно од најпопуларните летувалишта во Кенија. Милиони вдовици ширум Африка секојдневно се соочуваат со прогонство од страна на своите блиски роднини.
Само во 2014. година биле пријавени 104 убиства на постари луѓе од страна на роднини во округот Килифи. Најчест мотив за убиствата претставува наследството.
Традиционално, жените во Кенија немаат право на наследство, па така постарите жени без машко потомство се лесна мета на роднините.
“Доколку немате машко дете, како да не сте ни раѓале”, вели Џозефина Монгаре, претседателка на здружението за женски права во Кенија за Дејли меил.
“Роднините ќе го стеснуваат обрачот околу вас, обидувајќи се да се ослободат од вас и да дојдат до вашиот имот”, вели Џосефина.
Кенискиот закон за сукцесија од 1981. година им дозволува на вдовиците до смртта да живеат на имотот на покојниот сопруг, по што имотот го наследуваат децата. Тој закон често се крши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)