Во Македонската опера и балет во понеделник, 27 јуни, ќе се одржи прес конференција, на која ќе биде најавено отворањето на изложбата „Херои за еден ден – навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“.
Свеченото отворање на изложбата ќе биде вечерта на 27 јуни во Македонска опера и балет, со почеток во 20 часот.
На прес конференцијата ќе се обратат амбасадорот на Република Словенија Бранко Раковец, директорот на „Скопско лето“, Мирко Серафимовски и архитектот Даниел Серафимовски, кој е и еден од кураторите на изложбата.
Изложбата е дел од прославата на 25-та годишнина од независноста на Република Словенија и воедно претставува дел од манифестацијата „Скопско лето“.
Изложбата и публикацијата сe овозможени од Амбасадата на Република Словенија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.