| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Киров: На публиката и нудам ново доживување на „Црвената соба“

Лу­ѓе­то нај­че­сто прет­по­чи­та­ат да би­дат на поз­нат те­рен и се ре­ша­ва­ат за сѐ дру­го, освен за опе­ра, но ако ја до­бив­ме пуб­ли­ка­та со „14 ча­са“, со оваа прет­ста­ва тре­ба да про­дол­жи­ме да ја еду­ци­ра­ме на еден друг на­чин, ве­ли Ки­ров

На сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет се под­го­тву­ва но­ва пре­ми­е­ра. Ста­ну­ва збор за „Цр­ве­на­та со­ба“ од Франц Шу­берт. Ко­ре­о­гра­фи­ја­та е на Игор Ки­ров, аси­стент е Мој­ца Мај­цен, ли­бре­то на Са­шо Ди­мо­ски, сце­но­гра­фи­ја Ма­ри­ја Ве­те­ро­ска, а ко­сти­ми­те на Але­ксан­дар Нош­пал. На­ста­пу­ва­ат: Але­ксан­дра Ми­јал­ко­ва, Ва­сил Чи­чи­ја­шви­ли, Ми­ми Поп Але­ксо­ва Ата­на­сов­ска, Ма­ри­ја Ки­чев­ска Шо­ка­ров­ска и Бо­бан Ко­ва­чев­ски, ка­ко и Ива­на Ко­цев­ска, Са­ша Евти­мо­ва, Бил­ја­на Бас­ма­џи­е­ва, Дој­чин До­чев, Игор Ве­ла­но­ски, Јан Ки­си­лев, Ми­рос­лав Ми­тра­ши­но­виќ, Агим Ба­фтии, Ан­ге­ла Ве­лев­ска, Или­ја­на Да­ни­лов, Ди­ља­на Ја­не­ва.

Ли­бре­то­то за со­вре­ме­ни­от ба­лет „Цр­ве­на­та со­ба“, спо­ред Шу­бер­то­ви­от „Гу­дач­ки квар­тет бр. 14“, има сво­ја пред­ло­шка нас­ло­ве­на „Смрт­та и де­вој­ка­та“. „Цр­ве­на­та со­ба“, од ед­на стра­на, ста­ну­ва сцен­ски екс­пе­ри­мент за веч­на­та по­тра­га по единс­тво, за по­тре­ба­та од при­пад­ност, за сво­и­на­та, за коп­не­жот по љу­бов и, од дру­га стра­на – за са­мо­ти­ја­та ка­ко единс­твен об­лик на ап­со­лут­но при­па­ѓа­ње и се­то тоа пре­ку го­во­рот на те­ло­то, кое е во кри­за. Раз­го­ва­рав­ме со ко­ре­о­гра­фот Игор Ки­ров­ за нај­но­ва­та пре­ми­е­ра во МОБ.

 

Igor-Kirov-kult190-2

Нај­но­ва­та пре­ми­е­ра во МОБ е „Цр­ве­на­та со­ба“. Што ќе има мож­ност да ви­ди пуб­ли­ка­та на 27 април?

Киров: Пуб­ли­ка­та ќе мо­же да ужи­ва во ед­но но­во ви­ду­ва­ње, на еден мој нов кон­цепт, ка­ко ко­ре­о­граф, на ед­на нов бо­ја на Игор Ки­ров, ра­бо­те­на по му­зи­ка на Франц Шу­берт, гу­дач­ки квар­тет бр.14, или по­поз­на­та ка­ко „Смрт­та на де­вој­ка­та“. Ли­бре­то­то е ба­зи­ра­но на „Смрт­та и де­вој­ка­та“, но кај нас мал­ку е из­ме­не­та и има­ме два-три до­пол­ни­тел­ни ли­ко­ви, кои ја пра­ват при­каз­на­та уште по­ин­те­рес­на и по­ми­стич­на. Автор на ли­бре­то­то е Са­шо Ди­мов­ски, ко­сти­ми­те се на Але­ксан­дар Нош­пал, а сце­но­гра­фи­ја­та е на Ма­ри­ја Ве­те­ров­ска и се­то тоа е ос­мис­ле­но, кре­и­ра­но од мо­ја стра­на бла­го­да­ре­ние на пр­вен­ци­те, со­ли­сти­те и ан­самб­лот на МОБ. Ќе се по­тру­дам да ѝ по­ну­дам на пуб­ли­ка­та ед­но но­во до­жи­ву­ва­ње, еден нов лик на тоа ка­ко јас ја за­мис­лу­вам цр­ве­на­та со­ба.

 

Зо­што цр­ве­на со­ба?

Киров: Мно­гу лу­ѓе ме пра­шу­ва­ат зо­што цр­ве­на со­ба. За­тоа што цр­ве­на­та ка­ко бо­ја асо­ци­ра на „Смрт­та и де­вој­ка­та“. Цр­ве­на­та ка­ко бо­ја има два ли­ка: бо­ја на љу­бо­вта и бо­ја на смрт­та, на кр­вта. Во ли­бре­то­то кр­вта е на­пра­ве­на ка­ко асо­ци­ја­ци­ја за смрт­та, но ние на сце­на­та не­ма да има­ме крв. А во Шу­бер­то­во­то де­ло, цр­ве­на со­ба ме асо­ци­ра на пе­ко­лот. Ко­га по­мис­лу­ва­ме на пе­кол пред очи­те ни е цр­ве­на бо­ја. Ни­кој не го за­мис­лу­ва пе­ко­лот во бе­ла бо­ја. Та­ка што се по­тру­див­ме на еден прис­по­со­бен на­чин да го на­пра­ви­ме тоа и се­то да е ис­пол­не­то со мно­гу че­ко­ри, мно­гу емо­ции, со мно­гу енер­ги­ја, а, нај­ве­ро­јат­но, ќе би­де и му­зи­ка­та от­сви­ре­на во жи­во од гу­дач­ки квар­тет. Ќе има­ме гу­дач­ки ин­стру­мен­ти од МОБ на сце­на, кои автен­тич­но ќе ја до­ло­ват це­ла­та ат­мо­сфе­ра, од­нос­но да би­де от­сви­ре­но, ка­ко што е на­пи­ша­но од Шу­берт.

Igor-Kirov-kult190-3

Зо­што ток­му ова де­ло го од­бра­вте да на­пра­ви­те ко­ре­о­гра­фи­ја? Што ве инс­пи­ри­ра­ше да се за­фа­ти­те со овој про­ект?

Киров: Јас имам не­кол­ку де­ла што ми се оми­ле­ни. Во нив му­зи­ка­та е тол­ку моќ­на, но­сеч­ка и, мо­рам да приз­нам, обо­жу­вам гу­дач­ки ин­стру­мен­ти и си­те де­ла што има­ат та­ква моќ ми се пре­диз­вик. Та­кви се „Ре­кви­ем“ на Мо­царт, „Кар­мен“, „Ро­мео и Ју­ли­ја“… си­те ко­ре­о­гра­фи на еден на­чин меч­та­е­ме да на­пра­ви­ме ко­ре­о­гра­фи­ја на не­кое та­кво моќ­но де­ло. За раз­ли­ка од мо­и­те прет­ход­ни ко­ре­о­гра­фии, овој пат „Цр­ве­на­та со­ба“ е за ед­но ска­ли­ло по­го­ре и ба­ра од пуб­ли­ка­та по­ве­ќе на­пор за да ја сле­ди, му­зи­ка­та на Шу­берт е ре­мек-де­ло и тоа го зна­ат си­те што сле­дат кла­сич­на му­зи­ка. Не е мно­гу дол­го, трае 50 ми­ну­ти, но е мно­гу комп­лекс­но за да се до­ло­ви и тие што ќе ја из­ве­дат тре­ба да ја из­ве­дат ка­ко што тре­ба.

 

Сте ра­бо­те­ле прет­ста­ви на мно­гу свет­ски сце­ни. Ка­ко умет­ник ја чув­ству­ва­те енер­ги­ја­та од пуб­ли­ка­та. Сме­та­те ли де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има пуб­ли­ка или по­сте­пе­но се соз­да­ва пуб­ли­ка што мо­же да сле­ди прет­ста­ви од овој тип, ка­ко што ги на­ре­ко­вте „еден сте­пен по­го­ре“?

Киров: Да, мис­лам де­ка има­ме пуб­ли­ка за ва­кви прет­ста­ви. Мо­рам да наг­ла­сам де­ка оваа прет­ста­ва, мо­же­би, не­ма да би­де при­ме­на ка­ко „14 ча­са“, би­деј­ќи ста­ну­ва збор за со­се­ма раз­ли­чен кон­цепт и за дру­га ви­зи­ја, но, во се­кој слу­чај, има­ме пуб­ли­ка. Се стре­ми­ме кон тоа, но мал­ку сум скеп­ти­чен ко­га ста­ну­ва збор за из­бор ме­ѓу кон­церт на не­ко­ја срп­ска пе­јач­ка на тур­бо­фолк-му­зи­ка и опе­ра. Лу­ѓе­то нај­че­сто прет­по­чи­та­ат да би­дат на поз­нат те­рен и по­ве­ќе­то се ре­ша­ва­ат за сѐ дру­го, освен за опе­ра. „14 ча­са“ во таа смис­ла бе­ше поз­нат те­рен, би­деј­ќи си­те ја зна­ат му­зи­ка­та на Ки­рил Џај­ков­ски, зна­ат кој е тој, а за Шу­берт не мо­же да се оче­ку­ва си­те да зна­ат. Не са­кам со ова да ја пот­це­нам пуб­ли­ка­та, са­мо са­кам да ја по­ка­жам раз­ли­ка­та. Јас лич­но ужи­вам во со­вре­ме­ни опе­ри и за да гле­да­те та­ква прет­ста­ва не тре­ба мно­гу да зна­е­те за опе­ра­та. Но, не се­кој ужи­ва и мо­же да ја сфа­ти оваа опе­ра. Со­се­ма го раз­би­рам тоа чув­ство, би­деј­ќи сме­там де­ка ако тре­ба да се­диш два ча­са во пуб­ли­ка, а не­маш уво за тоа, ќе по­лу­диш. Ако ја до­бив­ме пуб­ли­ка­та со „14 ча­са“, со оваа прет­ста­ва тре­ба да про­дол­жи­ме да ја еду­ци­ра­ме на еден друг на­чин.

Igor-Kirov-kult190-4

На „Охрид­ско ле­то“ ве гле­дав­ме со прет­ста­ва­та „5 до 12“. По­тоа бе­вте во Сплит, Ја­по­ни­ја, Гер­ма­ни­ја… Ка­де сѐ на­ста­пи­вте?

Киров: Бев во Сло­ве­ни­ја, То­кио, Гер­ма­ни­ја, па пак во Сплит, Бел­град, се­га сум ту­ка, па пак за­ми­ну­вам во Сплит и пак во Гер­ма­ни­ја… Во Сплит ќе ја по­ста­ву­вам „Охрид­ска ле­ген­да“, ко­ја ќе би­де из­не­на­ду­ва­ње би­деј­ќи са­кам да по­ста­вам ед­но но­во ви­ду­ва­ње. Исти­от тим што ра­бо­ти се­га ов­де со ме­не ќе би­де пре­не­сен во Хр­ват­ска. Тоа е це­лос­но ма­ке­дон­ска автор­ска еки­па во ХНК Сплит. Исто та­ка, ќе ра­бо­там и на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 50 го­ди­ни на Фа­кул­те­тот за му­зич­ка умет­ност. Ја под­го­тву­вам ко­ре­о­гра­фи­ја­та, а ќе ра­бо­ти­ме за­ед­но со „Ла фу­ра дел бау“ (La fura dels baus), што е уште по­го­лем пре­диз­вик.

 

Да­ли и го­ди­на­ва ќе би­де­те на „Охрид­ско ле­то“ со не­ко­ја од овие прет­ста­ви, кои ги нај­а­ви­вте?

Киров: Пла­ни­ра­ме, исто ка­ко ми­на­та­та го­ди­на, да би­де­ме дел од оваа на­ша нај­го­ле­ма и нај­ста­ра кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја. И, спо­ред тоа ка­ко те­чат под­го­то­вки­те, се на­де­вам де­ка ќе го­сту­ва­ме со „Охрид­ска ле­ген­да“. За­се­га сѐ уште те­чат пре­го­во­ри­те и не мо­жам да по­твр­дам со си­гур­ност.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 190. број на неделникот „Република“, 22.04.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top