| четврток, 6 декември 2018 |

На лет за Милано: Патнички авион се запали по принудно слетување (ВИДЕО)

Авион на компанијата „Сингапур ерлајнс“ на лет за Милано се запали рано утрово откако прнудно слета на сингапурскиот аеродром Чанги од кој и полетал.

Во инцидентот нема повредени, соопштиваат локалните власти.

Леталото се вратило на појдовниот аеродром по предупредувањето на ниско ниво на масло во моторот, но по слетувањето се запалил десниот мотор на боингот 777-300 ЕР, пренесува Ројтерс.

 

Пожарникарите набрзо ги изгаснале, а никој од 222 патници и 19 членови на екипажот не е повреден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top