| четврток, 6 декември 2018 |

Германската машина почнува да меле, Словаците немаа шанси за подвиг (видео)

germanija 1

Актуелниот светски шампион и главен фаворит за освојување на актуелното Европско првенство во Франција, репрезентацијата на Германија не дозволи никакво сомневање во својот квалитет и во осминафиналето против Словачка славеше со убедливи 3-0.

Германците лесно се справија со Словаците кои само еднаш го видоа голот на Ноер. Словачка тргна деструктивно, но одбранбената линија „пукна“ уште во осмата минута кога Жером Боатенг на фантастичен начин од 20 метри погоди за 1-0. Во 14-тата минута „панцерите“ имаа можност да поведат и со 2-0, но Месут Озил промаши удар од белата точка, а сето тоа неговите соиграчи го поправија во 43 минута кога искусниот Марио Гомес погоди за 2-0.

germanija

Крилниот офанзивец на Волфсбург играше одлично на натпреварот, а наградата стигне во 63. минута кога Дракслер самиот се запиша меѓу стрелците со прецизен волеј удар по корнерот на Милер и асистенцијата на Хумелс.

Селекцијата на Германија четвртфиналниот меч го игра на 2 јули на стадионот во Бордо. Противникот на „панцерите“ ќе биде победникот од осминафиналното супердерби меѓу Италија и Шпанија кое се игра утре од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top