Репрезентацијата на домаќинот Франција на Европското првенство во четвртиот осминафинален натпревар успеаја по голема борба и пресврт да слават со 2-1 над Република Ирска и да се пласираат во четвртфиналето.
„Галските петли“ одиграа еден неубедлив натпревар особено во првото полувреме по кое имаа и негатива откако Ирска поведе со најбрзиот гол на овој шампионат по ударот од пенал на Роби Брејди. На оваа најстрого досудена казна и претходеше една несмасна интервенција на Пол Погба уште во првата минута над Лонг по што главниот судија Никола Рицоли без размислување покажа белата точка.
Дешамп на полувреме го замени Канте со Конан, а офанзивниот пристап вроди со плод за „триколорите“. Антоан Гризман беше човекот на одлука, постигнувајќи два гола за неполни пет минути. Членот на Атлетико Мадрид најпрвин стрелаше прецизно по центаршутот на Сања во 58. минута, а само три минути подоцна го комплетираше пресвртот по одлично спуштената топка со глава на Жиру. Дилемите околу победникот беа разрешени во 66. минута, кога Гризман излезе очи в очи со ирскиот голман, одзади беше фаулиран од Шејн Дафи, па ирскиот дефанзивец заслужено заработи црвен картон.
„Зелено-белите“ со играч помалку на теренот не создадоа ниту една шанса, на спротивната страна бројни можности за трет гол за Франција пропушти Жињак, шанса за хет-трик во 93. минута промаши и Гризман, за „триколорите“ сепак на крајот заслужено да стигнат до конечен триумф од 2-1.
Франција својот противник во четвртфиналето ќе го дознае утре кога во последниот дуел силите ќе ги одмерат Англија и Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)