| четврток, 6 декември 2018 |

Инфо ден и работилница за програмата „Креативна Европа –Култура“

Министерството за култура на 28 и 29 јуни, во 10 часот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје и во Музејот на современа уметност во Скопје организира  Инфо ден и работилница за програмата „Креативна Европа –Култура“.

За време на дводневниот настан,  со свои презентации ќе се претстават: Егле Делтувате, раководител на канцеларијата за „Креативна Европа–Култура“ на Литванија и Милда Лаузикате, директор на организацијата „Креативни врски“ од Литванија.

Настанот кој е посветен на најважниот приоритет на програмата „Креативна Европа“ за  развој на публиката, има за цел ги информира заинтересираните претставници од културниот и креативниот сектор за процесот на подготовка на проект- идеи  квалификувани за оваа програма. Подготовката на Проект-идеите се во функција на тековните повици за аплицирање за следниве акции: „Проекти за соработка“ и „Платформи“ за кои краен рок за аплицирање е 5 октомври 2016 година.

Во рамките на Инфо—денот ќе биде претставено и литванското искуство во програмата како и успешни проекти поддржани од „Креативна Европа – Култура“ како примери на добра пракса. Присуството на претставниците од Литванија претставува можност за индивидуални средби со културните организации од нашата земја кои бараат партнери од Литванија за учество во европски проекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top