| четврток, 6 декември 2018 |

Итно евкуиран авион со патници на „Американ Еирлајнс“ на лондонски Хитроу (видео)

Патници од авион на „Американ Еирлајнс“ итно се евакуирани денеска околу пладне на пистата кај терминалот 3 на лондонскиот меѓународен аеродром Хитроу, пренесува таблоидот Сан.

Image

Според весникот, причината за евакуација на патниците и екипажот бил чад во кабината на авионот на летот AA731 од Лондон до американскиот град Шарлот.

Според очевидци патниците биле евакуирани од леталото преку помошните лизгалки на дување за итни случаи. Некои од сведоците велат дека бил забележан оган на моторите пред да авионот да започне да се движи по пистата.

Портпаролот на воздухопловната компанија „Американ Еирлајнс“ изјавил дека се свесни за проблемите со еден од нивните авиони и оти се проверуваат деталите од инцидентот. Портпаролот на Хутроу, пак, изјавил дека сите патници биле евакуирани безбедно, но не прецизирал за колкав број станува збор.

И двајцата рекле дека леталото е однесено на техничка проверка. Причинат за појавата на чадот во кабината засега е непозната, а спасувачките екипи и натаму се на пистата во близина на авионот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top