Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски денеска и официјално ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ и вети дека ќе понуди автентична чесна приказна за поинаков и победнички СДСМ.
– Ќе понудиме автентична чесна приказна за еден поинаков СДСМ. СДСМ има шанса да тргне по патека по која не одел досега. Притоа, мојата цел не е само да станам претседател на партијата. Јас сакам преку длабоки и темелни реформи да направам победнички СДСМ, СДСМ кој ќе го победи Никола Груевски и неговиот начин на владеење и ќе ја направи Македонија слободна, модерна и просперитетна. Ќе имаме многу работа, но ќе ги засукаме ракавите и ќе успееме, за доброто на сите граѓани на Македонија – изјави Јовановски.
Тој е задоволен од сигналите што доаѓаат од партиското членство како поддршка за неговата кандидатура и од досегашниот тек на постапка.
Досега кандидатури за претседател на СДСМ поднесоа потпретседателот на партијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев, Игор Ивановски и поранешниот соработник на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Кире Наумов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


