Според пишувањата на „goal.com“ , сеуште Европскиот првак Челси, се договорил со тренерот на мадридскиот клуб од ова лето да премине во нивните редови, а со него во Лондон од Мадрид стигнува и Радамел Фалкао.
Мурињо синоќа по поразот на Реал во полуфиналето од ЛШ навести заминување од Мадрид на крајот од сезоната.
– Сакам да работам таму каде што луѓето ме сакаат. Знам дека сум сакан во Англија. Знам дека во еден клуб посебно ме сакаат. Во Англија ме сакаат навивачите, а медиумите се чесни кон мене. Во доволна мера таму ме критикуваат и фалат. Во Шпанија е голема разлика, затоа што тука некои луѓе од срце ме мразат – рече Мурињо при напуштањето на синоќешната прес-конференција во Мадрид.
Како и да е, веќе се поизвесно е дека Мурињо ќе се врати во клубот во кој во периодот од 2004 до 2007 година освои две Премиер лиги. Прво негово засилување треба да биде напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао за кого „сините“ ќе платат 50 милиони фунти. Се очекува Мурињо потписот со Челси да го стави на почетокот на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


